Ај не заебавај

Курупаити, бразилска колонија на лепрозните – пеколен живот со стаорци и кучиња

Болницата Курупаити во Рио де Жанеиро, Бразил, е една од „колониите на лепрозните“, каде речиси исто како во минатото, лепрозните се оставени да живеат сами на некое место, изолирани од другите луѓе, препуштени сами на себе.

Фотографот Фабио Теиксеира ја посетил оваа болница која се наоѓа во областа Џакарепагуа во Рио де Жанеиро – која се наоѓа на само осум километри од стадионот каде што минатата година се одржаа Олимписките игри, и ги снимил овие фотографии. Фабио открива дека за жителите на ова бизарно место не се грижат никакви доктори, хигиената е на загрижувачки ниско ниво, а може да се каже дека немаат ниту соодветни простории со минимални услови за нормален живот.

Според извештаите од минатата година, во ходниците на болницата биле забележани стаорци и кучиња, а болницата ја посетуваат и проститутки, со што уште повеќе се зголемува заканата за ширење на болеста.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top