Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарот Драган Павловиќ Латас, заедно со неговите двајца браќа, Срѓан и Ѕвезда, добија ослободителни пресуди за обвиненијата во рамки на случајот „Тревник“ кој го водеше Специјалното јавно обвинителство. Според судијката, тие не се виновни, бидејќи како што рече, не сториле кривично дело според закон.
Новинарот Латас и неговите браќа, Ѕвездан и Срѓан, се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.
-За овие објекти постои одобренија за градба од 24 јануари 2013 година, и никој не ги оспорил, рече судијката Марија Клетничка.
Обвинителката Елизабета Јосифовска рече дека СЈО ќе се жали на првостепената одлука според која Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа денес беа ослободени од обвинение, односно не беа прогласени за виновни во случајот „Тревник“.
-Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано, рече обвинителката Јосифовска.