Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голманот на Челзи, Тибо Куртоа повторно флертуваше со Реал Мадрид во разговор со шпанските медиуми после натпреварот со Барселона синоќа.
Пред неколку недели Белгиецот изјави дека неговото срце е во Мадрид. Сега Куртоа призна дека преговара со Челзи за нов договор, но не знае каква ќе биде неговата иднина.
Голманот потврди дека неговиота агент е спремен да ја слушне понудата на Флорентино Перез доколку претседателот на Реал е заинтересиран.
„Не знам каква ќе биде мојата иднина. Моите две деца се во Мадрид и навистина не е лесно. Меѓутоа јас имам договор на уште една година, среќен сум и преговарам за нов договор со Челзи. Овој клуб веруваше во мене од самиот почеток и тоа нема да го заборавам. Доколку Перез е заинтересиран ќе му се јави на мојот агент и тој ќе ја слушне понудата“, изјави Куртоа.