Куртоа е најдобар голман, Левандовски избран за најдобар напаѓач – во тек е церемонијата „Златна топка“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во моментов во тек е гала церемонијата на „Франс Фудбал“ во Париз за доделувањето на „Златната топка“.

Во исчекување на главната награда беа доделени наградите за најдобар голгетер. Наградата „Герт Милер“ заврши во рацете на Роберт Левандовски, кој минатата сезона постигна најголем број на голови.

За најдобар голман очекувано беше избран Тибо Куртоа од Реал Мадрид. Белгискиот голман одигра клучна улога во освојувањето на Лигата на шампиони со 9 одбрани во финалето.