Куршум в чело за обвинителот и среден прст за Владата – нов протест за случајот со Алмир


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нови протести пред Владата денес беа организирани од граѓанитево знак на револт за пресвртницата во случајот со смртта на малиот Алмир.

Граѓаните протестираа во знак на револт поради преквалификацијата на кривичното дело „убиство“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици“ за случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, кој почина како последица на удар со возило кое го управувал Бобан Илиќ, кој претходно имал караница со родителите на починатото дете, пренесува Макфакс.

Граѓаните кои протестираат со себе носат играчки, детска облека како и транспаренти на кои пишува „Нема правда нема мир“, правдата е слепа, каде ви е совеста, отиде Зврлевски, дојде Јовевски, Заев реформинза сите, кога?

Освен за преквалификација на делото граѓаните реагираат и на тоа што возилото со кое беше прегазен Алмир, наместо да биде конфискувано, е вратено на семејството кое пак лично обвинетиот Бобан Илиќ го ставил јавно на продажба по извршеното убиство. Граѓаните исто така побараа јавниот обвинител кој го води случајот, Сузана Кусигерска од Основното јавно обвинителство – Куманово, да биде изземена од процесот. Нејзината одлука за преквалификација ја оспорија четворица јавни обвинители.

Судот за овој случај го укина притворот на првообвинетиот Илиќ поради надминување на законски предвидениот период од поднесување на обвинението. По напуштањето на судницата каде беа дадени завршните зборови, братот на Бобан Илиќ им покажа „среден прст“ на семејството на загинатиот Алмир кои стоеа пред судот.

Извор: Макфакс