Купишта употребени пелени во еден стан ги евакуираа станарите од „Скопјанка“ во Аеродром


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во познатата аеродромска зграда „Скопјанка“ синоќа станарите се жалаа на остар и јак мирис кој им ги дразнеше очите, грлата и мирисот, предизвикувајќи им кашлање и солзи, поради што беа евакуирани сите станарите, додека не се утврди за каков мирис станува збор и од каде доаѓа.

Градоначалникот на Скопје , Пегтре Шилегов вечерва изјави дека непријатната миризба во зградата во Аеродром била од пелени во станот 11 , каде живееле две постари жени.

„Станот број 11 ќе се дезифицира ,а миризбата и штипењето на очите кај дел од станарите било од амонијак од пелените, кои биле чувани во станот. Службите за социјална заштита вечерва биле кај жените, така што ќе го преземат случајот“, рече градоначалникот Шилегов доцна синоќа.

Освен противопжарните екипи, Брзата помош, инспекциите и полицијата, вчера вечер во зградата пристигнаа и припадници на Армијатта од АБХ единицата, за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и колку е опасно.

За среќа, изворот на непријатната миризба е најден и зградата е безбедна, така што околу полноќ сите станари се вратија во своите домови.

Макфакс синоќа објави фотографии и како градоначаникот Петре Шилегов им покажува снимки на станарите за да ги увери дека непријатната миризба доаѓа од купишта употребени и расфрлени пелени во стан од зградата.