Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жител од германскиот град Аурих кој купил ѕиден часовник на пазарот за стари работи, не можел да им верува на очите кога внатре открил сокриени 50.000 стари германски марки.
Неименуваниот Германец го купил часовникот уште пролетта , а парите ги однел во Канцеларијата за изгубени работи, пишува списанието Феникс.
Ако се појави сопственикот на парите, човекот ќе има право на три проценти од профитот (околу 770 евра), но никој не одговорил и по законскиот рок од шест месеци пронаоѓачот ги добил назад парите.
Градот Аурих му ги предаде партите на чесниот наоѓач 50.000 марки, а сега само треба да плати 576 евра за административни трошоци.
Марките, кои речиси2 0 години не се во оптек , ќе може да ги размени во евра во секоја филијала на Дојче Бундесбанк.