Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако цените на горивата вртоглаво растат, препотставката е дека потрошувачката на гориво по правило не треба да биде проблем за купувачите на спортски BMW, а особено не за оние кои го избираат M3.
Тоа е бескомпромисен спортски автомобил со неверојатни перформанси, на кој може да му се прости поголемата потрошувачка и генерално повисоките трошоци за сопственикот.
Сепак, некои се обидуваат да заштедат, исто како овој сопственик на синиот М3 кој реши да постави плински уред. Не сакал другите да го гледаат, па не поставил отвор за полнење гас на браникот, туку потребно е да се отвори капакот на багажникот за случајните минувачи да не го видат неговиот „срам“.
View this post on Instagram
BMW M3 F80 е придвижуван од 3.0 twinturbo со 431 КС и 550 Nm, а 100 km/h достигнува за нешто повеќе од 4 секунди, а максималната може да се подигне на 280 km/h. Станува збор за автомобил кој се продава половен по цена речиси редовно повисока од 50.000 евра.