Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Попладнево во Битола и Тетово беа одиграни првите полуфинални натпревари на фудбалскиот Куп на Македонија, а финалистите ќе бидат познати после реваншите на 11-ти април.
Бранителот на трофејот Пелистер со пресврт во вториот дел го совлада составот на Академија Пандев со 2-1. Гостите од Струмица поведоа во 31-та минута со погодокот на Јани Атанасов.
Во второто полувреме, прво Борче Маневски во 61-та минута, го израмни резултатот, а Ристе Илијовски во последната минута му донесе победа на битолчани од 2-1.
Тетовското дерби меѓу Шкедија и Ренова заврши без победник 1-1. Ренова прва дојде до водство со голот на Стојановски во 12-та минута, а резултатот го израмни Емини во 26-та минута.