Куп на кралот: Одредени полуфиналните двојки!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес се одржа ждребот за полуфиналето на шпанскиот Куп, а фаворитот Барселона за противник ја доби Валенсија.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат тимовите на Севиља и Леганес.

Натпреварите ќе се одиграат во наредните две недели. Каталонците прво ќе бидат домаќини, а реваншот се игра на „Местаља“.

Барселона е бранител на трофејот, а финалето ќе се одигра на 21 април.

Полуфинални парови:

Барселона – Валенсија
Леганес – Севиља