Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е еден од официјално новозаразените пациенти со коронавирус во Македонија.
Како што самиот ги извести медиумите според најновите податоци по тестот за корона вирус, Димитриевски објави:
„Ги добив најновите резултати 40 мои сограѓани помеѓу кои и јас сум позитивен на КОВИД 19.. Ве охрабрувам заедно и дисциплинаро да продолжиме во борбара, почитувајте ги мерките и одржувајте дистанца.. Ќе продолжам со својата работа против короната по препораките на здравствените власти“.
Куманово има 263 заболени и според последните официјално објавени бројки 10 починати.
Димитриевски вчера имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Венко Филипче и Арбр Адеми и Жарко Караџовски, претседател на комисијата за заразни болести.