Култното Порше 911 од акциониот хит „Bad Boys“ оди на аукциска продажба – се очекува вртоглава парична понуда


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Не е далеку од вистината мислењето кое го делат многумина дека 1990-тите беа златното доба на акционите филмови.

Некои од најдобрите акциони филмови беа снимени во тоа време. Само запомнете ги филмовите како Heat или Seven. Нешто понеквалитетни од уметничка гледна точка, но подеднакво забавни беа класичните акциони филмови, во кои секако се и The Bad Boys од 1995 година.

А една од највпечатливите акциони сцени е снимена со прекрасното црно Порше. Токму таков 911 Turbo 3.6 наскоро ќе се најде на аукција.

Најсилното Порше во своето време е заслужно и за акционите сцени во кои детективите Маркус Барнет и Мајк Лори (Мартин Лоренс и Вил Смит) итаат низ Мајами бркајќи негативци. Моделот е произведен во само 1.437 примероци, а еден ќе се најде на аукцијата Kissimmee во Флорида на почетокот на следната година, понудена од куќата Mecum.

Најпрепознатливиот автомобил од филмската серија лесно може да постигне исклучително висока цена, особено што доаѓа со сертификати за автентичност од Porsche и Columbia Pictures. Патем, режисерот Мајкл Беј го поседувал автомобилот и го продал на филмскиот продуцент Пет Сендстоун. Сегашниот сопственик го купил во 2005 година од колекционерот Метју Дрендел и го реставрирал една година подоцна. Иако зад себе има 55.355 километри, автомобилот е во совршена состојба.

Да потсетиме, 911 е придвижуван од 3,6-литарски турбо боксер мотор што испорачува 360 КС и 520 Nm. Погонот е на задните тркала и вклучува петстепен мануелен менувач. Направен во раните 1990-ти, овој автомобил достигнувал 100 km/h за 4 секунди и вози до 280 km/h.

Тешко е да се зборува за цената што може да ја постигне ова Порше. Познато е дека ваков автомобил и во слична состојба, но без потврда за учество во филмот, е продаден за цели 275.000 евра. Ако се најде некој со подебел паричник, овој може да достигне двојно повисока цена.