Блиц

Култниот таен уметник Банкси повторно во акција – распали со мурал на Менхетен

Култниот уличен уметник и мистериозен лик во светот на уметноста, Британецот Банкси, повторно во акција, овој пат со нов мурал кој го направи на ѕидот за графити во Њујорк.

Со своето најново уметничко дело, Банкси јавно и гласно го искажува својот револт и протест против затворањето на турската сликарка и новинарка Зехра Доган.

Доган беше уапсена откако наслика дело на кое го претстави турското знаме како се вее над урнатините на срушениот град Нусајбин во курдскиот југоисточен дел на Турција, за што, како што пренесува „PEN International“, во март 2017 година беше осудена за „ширење пропаганда на терористичка организција“.

На муралот на Банкси што се протега на 20 метри квадратни се гледа лицето на млада жена зад решетки, опкружена со серија цртички како оние што ги испишуваат затворениците во затвор кога одбројуваат денови до ослободување.

Муралот е насликан на познатиот ѕид за графити на раскрсницата меѓу улиците Хјустон и Боуер во Менхетн, а во неговиот десен долен агол стои и апелот „Ослободете ја Зехра Доган“.

Advertisements
To Top