Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Славниот режисер Оливер Стоун тврди дека Холивуд е жестоко цензуриран од 2001 година наваму и саканите филмови за американската војска и ЦИА не можат да дојдат до јавноста.
Стоун, кому многумина му замеруваат што направи документарен серијал за рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека продуцентите користат финансиски ограничувања за да ги цензурираат непосакуваните филмови за армијата на САД и ЦИА.
„Можеби во ’80-те, кога ги снимав филмовите „Platoon“, „Born on the Fourth of July“ и „Heaven & Earth“, можеше да се работи нешто поопуштено, бидјеќи системот беше ’поинаков‘“, оценува режисерот.
Стоун смета дека нештата се смениле на подобро кога паднала Железната завеса и завршила Студената војна.
„Мојата филмска кариера трпеше бидејќи некогаш говорев нешта кои американските продуценти мразеа да слушнат“, открива Стоун, додавајќи дека оние кои ги спонзорираат филмските продукции понекогаш прибегнуваат кон „економска цензура“.