Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Графичката лого-претстава од планинскиот врв Матерхорн наскоро ќе биде тргната од амбалажата на познатото Тоблероне бидејќи американскиот сопственик на компанијата дел од производството преселува надвор од Швајцарија, пишува Блумберг.
За ова се шпекулираше уште во јуни минатата година, кога беше најавено дека дел од производството ќе биде префрлено во Словачка.
Имено, оваа одлука е во согласност со строгите швајцарски правила за означување на производите, според кои чоколадото направено во странство не може да се нарекува „швајцарско“.
– Со редизајнот на амбалажата се воведува модернизирано и аеродинамично планинско лого кое е во склад со геометриската и триаголната естетика – изјави портпаролот на Mondelez за Aargauer Zeitung.
Исто така, на пакувањето Toblerone сега наместо „Швајцарија“ ќе пишува „основано во Швајцарија“.