Култниот лик од иконичната фотографија на National Geographic уапсена во Пакистан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Авганистанката со продорен поглед и зелени очи која светот ја запозна преку фотографијата од Стив МекКари која тој ја направи за National Geographic, Шарбат Гула, беше уапсена од полициските сили во Пакистан со обвинение дека го фалсификувала својот идентитет.

Федералната Истражна Агенција (FIA) во Пешавар ја уапси Гула во средата, после двегодишна истрага за неа и нејзиниот сопруг, со обвинение за поседување на лажна лична карта.

Шарбат Гула аплицирала за пакистанска лична карта во април, 2014, користејќи го името Шарбат Биби. Многу Авганистанци користат лажни имиња за да добијат пакистански лични карти, што е ригорозно казниво со закон. Ако биде осудена, Гула се соочува со казна од седум до четиринаесет години затвор и парична казна од 3.000 до 5.000 долари.

Ликот на Гула стана масовно препознатлив преку списанието National Geographic, каде беше објавена иконичната фотографија од Стив МекКари која тој ја фотографираше во 1984 година. Во тој период Гула беше 12-годишно девојче кое живееше во камп за бегалци во Пешавар, после инвазијата на СССР врз Авганистан.

МекКари подоцна се обиде да ја пронајде неа и успеа во тоа. По 17-годишна долга потрага, ја најде во едно авганистанско село и ја посети во 2002 година, каде таа живееше со нејзиниот сопруг пекар и трите ќерки.