Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
4-сезонската легендарна црнохумористична серија во продукција на ВВС, „Црна Змија“ (Blackаdder), која се емитуваше од 1983 до 1989 и секоја сезона опфаќаше и обработуваше друг временско-историски период од човековата историја, се враќа на малите екрани.
Легендарниот „Црна Змија“, славниот комичар Рован Аткинсон наводно им открил на своите блиски и пријатели дека е навистина посебно возбуден заради планираното враќање на култната комедија Black Adder
Заедно со Аткинсон во серијата треба да бидат и неговите бивши колеги Тини Робинсон, Стефан Фрај и Хју Лори.
Отпрвин се шпекулираше дека ќе биде одиграна само една епизода, како трибјут на култната комедија, но The Sun наведува дека сепак ќе се снима цела 5. сезона.
5-та сезона ќе се одвива во модерно време и ќе биде актуелна со новите политички збиднувања.
„Црната Змија“ или Едмунд Блекедр ќе биде универзитетски професор во новата сезона, но не се знаат детали како и што ќе опфаќа и какви улоги ќе имаат неговите колеги.
Немало никаков план, таблоидот пренесува дека пријателите-актери се сретнале во еден паб, евоцирале спомени и одличиле да направат уште една сезона. Во моментот се пишува сценариото
Куртис и Аткинсон планираат во серијата да има и гостувања на актери од калибарот на Том Харди, Расел Бренд и други.
Иако сите досегашни информации доаѓаат од таблоидот The Sun, сепак, сите параметри упатуваат на тоа дека ова легендарно враќање навистина ќе се случи.