Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американската ТВ сапуница „Династија”, која ги одбележа осумдесеттите години на минатиот век, се враќа на малите екрани на 11-ти овој месец.
Новата „Династија“ го следи натамошниот живот на семејството Керингтон, при што Грант Шоу ја толкува улогата на Блејк. Во оригиналната серија, што се емитуваше од 1981 до 1989 година, ликот на Блејк, кој го отелотвори Џон Форсајт, беше замислен како пример за морал и жртва на каприците на поранешната сопруга Алексис (Џоан Колинс).
Втората сопруга на Блејк, Кристл, која претходно ја толкуваше Линда Еванс, сега ќе ја глуми австралиско-перуанската глумица Натали Кели.
Сепак, постојат некои разлики со оргиналот. Имено, приказната повеќе не се одвива во Денвер, туку во мултикултурната Атланта, а ривалите на Керингтонови, семејството Колби, овојпат се со афроамериканско потекло.