Култна серија, какви легенди на маса – најдобрата изведба на емотивната „А сад адио“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сигурни сме дека нема човек кој барем еднаш не заседнал во кафеана, а да ја нема чуено славната и прекрасна песна „А сад адио“.

Култната песна е компонирана за потребите на славната серија „Vruć vetar“ („Жежок ветар“), од страна на композиторот Војкан Борисављевиќ, автор на бројни хитови од Здравко Чолиќ и Лео Мартин.

„Се сеќавам на тоа, како да беше вчера. Одев во Дубровник. Режисерот Ацо Ѓорѓевиќ и Синиша Павиќ отприлика ми кажаа каква треба да биде таа песна, дека мора да се чувствува жешкиот ветар. Пред тоа летував на Крит и веќе го имав доживеано тоа чувство. Брзо сфатив што сакаат, тоа беше момент на инспирација кој само едноставно го преточив во песна“, раскажа во една прилика Војкан.

Тој додаде дека песната за најавната шпица од серијата ја отпеал Оливер Драгоевиќ. Ја отпеал тогаш и никогаш повеќе.

„Ја компонирав во такси додека одев на аеродром, а Оливер ја сними во една вечер, за само 10 минути, во студиото од Радио Београд. Неговиот глас ја одбележа оваа песна, а потоа ја препеаја многумина. Убаво беше да се соработува со Оливер и жал ми е што се распадна Југославија. Тоа време, таа земја, култура, музика и соработките меѓу нас, од тоа излегоа многу добри нешта. Во таа различност од народи се трудевме да се натпреваруваме и да бидеме подобри од другите на позитивен начин, што резултираше со немерливо позитивни резултати“, изјави Борисављевиќ.

„А сад адио“ беше хит и надвор од границите на Југославија.

„Се пееше секаде и во секакви пригоди – и кога се испраќаа момци во војска, и кога се правеше фајронт во кафеана. Најмасовната изведба на А сад адио се случи на стадион во Будимпешта, на крајот од ’80-те години, кога Љубиша Самарџиќ беше прогласен за актер на годината во Унгарија. Смоки на унгарски ја пеел таа песна, а го следеле 100.000 Унгарци. Тоа е најголемиот хор кој ја отпеал некоја моја песна“, додаде Борисављевиќ.