Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Академик Катица Ќулавкова реагира на „Твитер“ со низа пораки околу изгласаниот Закон за употреба на јазиците.
„Трагично е кога ќе си го смениш идентитетот на државата сам, дома, однатре, со тапија“, твитна таа, инспирирајќи дебата во која потоа ќе се дообјасни со пораките: „Идентитетот на државата РМ се менува и статусот на нејзиниот конститутивен народ и државен јазик“ и „Се гледа дека не сте го читале Законот. Сите јазични права и досега ги имаа македонските Албанци, ама македонскиот беше единствен државен, а сега ќе има два државни јазика и тоа менува и повредува многу нешта“.
Малку пред тоа Ќулавкова ќе напише: „Го оттуѓуваат неоттуѓивото и згора на тоа се арогантни“.
Како поткрепа на своите ставови поетесата, литературен теоретичар, критичар и есеист ќе ретвитне и твит на посетител на нејзиниот профил.
„2018 година, двојазичност. Официјалната страница на Општина Чаир сè уште нема опција на македонски јазик. Технички има, меѓутоа, откако е направена страницата (2008 година) до ден-денес пишува дека е во изработка. Буква дневно да ставаа, ќе ја изработеа досега. Зборувајте ми за соживот :)“.
Ќулавкова, заедно со професорката Гордана Силјановска-Давкова од Правен факултет „Јустинијана Прима“ и Симона Груевска-Маџоска од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во средината на минатиот месец упатија отворено писмо против Законот за употреба на јазиците, со чие усвојување вчера албанскиот јазик станува службен на целата територија на државата.