Ќулавкова: Се води кампања како Македонците со нетрпение да чекаат да се промени името!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По повод агресивната прогрчка пропаганда која на големо се спроведува во нашите медиуми, со свој став се огласи и академикот Катица Ќулавкова. Во продолжение го објавуваме во целост:

„Толку се релативизира идентитетот на Македонците од самите Македонци што се создава неверојатен медиумски амбиент кој сугерира дека со нетрпение се чека промената на името на државата Република Македонија во пакет со промената на името на македонскиот јазик и на македонскиот народ и згора на тоа и промена на составот и личната карта на државата РМ во ОН од национална во бинационална и двојазична.

Автодеструктивен колективен ум без преседан во историјата. Да се смени името на македонскиот јазик во горномакедонски вардарскомакедонски е културоцидно. Со тоа се негира не само темелот на македонскиот културен национален и државен идентитет, туку се негираат сите стекнати научни придобивки по однос на македонскиот јазик признаен во славистиката и лингвистиката.

Со тоа сами ќе и дадеме легитимитет на тезата дека сме вештачки конструкт како народ и јазик и дека немаме легитимно државотворно право. Никој нема мандат да го прави тоа. Се работи за патоген и криминоген идентитетски инжинеринг. Каква е таа цивилизација и демократија која не ги почитува основните цивилизациски и демократски начела? Не признавам цивилизација која негира една неспорна и богата јазична, културна и национална реалност“, напиша Ќулавкова на својот Фејсбук профил.