Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Академикот Катица Ќулафкова имаше прилично депримирачки коментар во однос на последните случувања на македонската политичка сцена, очигледно алудирајќи на договорите со Грција и со Бугарија со кои се нарушува македонското национално ткиво.
„Безгранична е моќта на ограничениот ум кој има неограничена власт. За една година ќе го сруши она што е градено со векови”, напиша Ќулафкова на Твитер.
Во коментар Ќулафкова додава: „Некогаш неоформената национална свест, денес е деформирана и поткопана, за жал. Не само од пропагандите од надвор, туку и од внатре”.
Академикот Ќулафкова е само една од многуте интелектуалци кои јасно застанаа против Договорот со Грција со кој се врши промена на уставното име на Македонија, но истовремено се задира во идентитетот, историјата и културата кои ќе бидат предмет на преобликување во интерес на Грција и на Бугарија. Веќе почнаа да работат комисии, а интересно во комисијата со Грција нема ниту еден македонски експерт за античка историја.