Куклата Барби во 2019 година ќе наполни 60 години!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познатата кукла Барби оваа година полни 60 години.

За една година според проценките се продаваат повеќе од 58 милиони вакви кукли во повеќе од 150 земји ширум светот.

„Во индустријата за играчки, каде што успехот трае од три до пет години, 60 години успех е огромна работа”, објави веб-страницата „Лејтестли“.

Барби е позната низ целиот свет, оваа кукла за прв пар се појавила на саемот за играчки во Њујорк на 9 март 1959 година.