Кукла со ликот на Тина Тарнер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Музичката и рок икона Тина доби барбика со нејзиниот лик.

Вложен е многу труд во оваа кукла за да се усовршат сите детали, особено нејзината препознатлива фризура.

Барбиката е всупност минијатурна верзија на Тина од нејзиниот спот „What’s Love Got to Do With It“, кој ја слави својата 40-годишнина.

Она што е речиси идентично е аутфитот, црн кожен мини фустан, тексас јакна, проѕирни црни хулахопки и потпетици, во комплет со црвен кармин и коса од 80-тите.

„Користевме многу слики за да ја видиме косата од сите агли“, рече дизајнерот Бил Грининг, пренесе „Page Six“.

Ова одлично дело се појави и на Инстаграм профилот на музичката легенда.