Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германската новинарка Брита Хилперт открива дека куќата во која е сместен Бугарскиот културен центар во битолскиот Еврејски кварт некогаш припаѓала на еврејско семејство кое било депортирано за време на нацистичката ера.
Оваа информација Хилперт во репортажа објавена на германскиот национален телевизиски сервис ZDF.
Новинарката Хилперт во репортажата го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски: Зарем не е бесчувствително Културниот центар да му се посвети на Иван Михаилов, кој соработувал со нацистите?
– Соработката не е докажана (признаените историчари го тврдат спротивното), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. Историските книги треба да се променат – вели Горгиевски во репортажата за германскиот медиум.
Иван Михајлов бил докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Анте Павелиќ, кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во Втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка.