Куќата на стравот и ужасот која беше инспирација за хоророт „The Conjuring“ продадена за еден и пол милион долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фамозната куќа со три спални соби од почетокот на 19 век во Бурилвил, Род Ајленд, САД и покрај нејзините шармантни историски елементи е всушност „опседната“ куќа што го инспирира хорор филмот „The Conjuring“ од 2013 година.

Откако се појави на пазарот на крајот на 2021 година за 1,2 милиони долари, куќата на духови неодамна е продадена за 1,52 милиони долари, што е 27 отсто над пазарната цена. Имотот, кој се наоѓа на 1677 Round Top Road, има 280 квадратни метри, вклучувајќи тавани со греди, камини и дрвени елементи во кујната.

Претходните сопственици, истражувачите на паранормалности Џен и Кори Хајнзен, ја купиле куќата за 439.000 долари во 2019 година и поминале четири месеци во една соба како „знак на почит кон духовите, дозволувајќи им да се навикнат на нив наместо да се налутат “, изјавија тие за Волстрит журнал при купувањето. Сепак, тие забележале црна фигура во дневната соба.

„Кога сфативме дека двајцата сме будни и двајцата го видовме тоа, го снема“, изјави Кори Хајнзен за Журнал. Парот слушнал и чекори и тропање, па дури видел и блесоци на светлина во просториите во кои немало светла.

Списанието исто така било прво што објавило новости за оваа продажба, додавајќи дека новиот сопственик е програмер од Бостон по име Жаклин Нуњез. Таа била една од повеќе од 10 луѓе кои ги доставиле своите понуди за недвижниноста.

„Ова е многу лично купување. Кога се појави на пазарот, помислив: „Ова е имот што им овозможува на луѓето да разговараат со мртвите“, изјави Нуњез за Журнал, додавајќи дека не чувствува дека куќата е под дејство на демоните, туку едноставно е „уникатна структура“.