Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европратеникот Едвард Кукан, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент, очекува во наредните месеци значителен пресврт во политичките случувања во Македонија и во другите земји на Западниот Балкан. Во интервју за „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) тој истакнува дека во целиот регион постои загрижувачки тренд на блокади на парламентите и на другите државни институции, што пак создава маѓепсан круг во кој „слабите демократии им долеваат гориво на слабите институции и обратно“.
„Ние се соочуваме со сериозна политичка криза во Македонија и во Албанија. Во другите земји во регионот, на пример, Црна Гора и Косово, се борат со бојкот на парламентите. Се чини дека ова е регионален тренд, кој е контрапродуктивен за демократскиот развој во земјите кои европскиот праг. Се надевам дека во следните месеци ќе видиме значителен пресврт во овој тренд. Сепак, тоа е првиот и најфундаментален Копенхашки критериум“, вели Кукан.
Европрратеникот во интервјуто зборува и за перспективата на Европската Унија, потенцирајќи дека политиката на проширување е од фундаментално значење како за земјите аспиранти така и за унијата кон која се стремат.