Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полициските служби во Лесковац, истражувајќи го самоубиството на 38-годишна жена од Велики Трњан кај Лесковац, откриле тело на маж забетонирано во ѕид во подрумот од куќата.
Телото е дадено обдукција и истрагата е во тек, но медиумите јавуваат дека неофицијално се работи за сопругот на сега починатата жена, за кого се верувало дека е на работа во странство.
Сомневањата се дека таа го убила заедно со својот љубовник пред три години и го забетонирала.
„Многу успешно ги излажа семејството и децата дека отишол да работи некаде во странство и дека ќе разговара со него. Откако, се самоубила, љубовникот отишол во полиција и признал се“,наведува за Нова.рс извор близок до истрагата.
Телото на 38-годишната жена вчера било пронајдено во помошен објект во дворот од нејзината куќа, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило пред неколку дена.
Наредена е и обдукција на нејзиното тело за да се утврдат причините за смртта, но сомневањата се дека извршила самоубиство.