Кучето и разните положби на спиење, која порака ја носат со себе?!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кучињата сакаат да спијат и за тоа бират разни позиции. На грб, стомак или некако поинаку, тоа е избор кој зависи од самото куче. Сепак, положбата на нивното тело во текот на сонот може да значи неколку работи.

Ако заспијат на бок

Ако го пронајдете кучето како спие на бокот, тоа може да значи дека кучето е среќно и дека се чувствува сигурно. Спиењето во таа позиција може да ни каже дека кучето е задоволно од сопственикот и дека му е убаво покрај него. Кучето стекнало доверба во вас.

Ако шепите му се под телото и спие склопчено

Многу честа положба за спиење кај кучињата, е оваа т.н. лисица. Кучињата во ваква положба на телото, при спиење, ја задржуваат својата телесна температура. Кучињата кои спијат во оваа положба се нежни, милни и пријателски расположени.

Спиење на стомак, со испружени сите четири нозе

Ако кучињата спијат со нозете испружени на стомак, а главата им го допира подот, тоа може да значи дека тоа куче е енергично и живо, па таа полажба му помага брзо да реагира.

Спиење на грб, со сите четири во воздух

Спиењето во оваа положба не би требало да ве загрижи. Кучето во оваа положба е најранливо, но кога во вашиот дом спие на тој начин тоа е само поради тоа што има висок степен на доверба и сигурност кога се наоѓа покрај вас.

Спиење на стомак, додека другиот дел од телото е потпрен на една страна

Спиењето во оваа положба значи дека кучето не може да се опушти потполно, бидејќу мускулите му се напнати. Меѓутоа, тоа не треба да ве загрижи, бидејќи не мора да значи дека кучето не се чувствува сигурно. Ако кучето има авантуристички дух, и е многу енергично, ќе спие вака.

Спиење на грб со задните нозе во воздух

Кучето е среќно и опуштено во оваа положба, а токму таа поза за спиење помага да се ослободи од високата температура. Активните и разиграни кучиња трошат доста енергија во текот на еден ден, па потребно им е да се разладат додека спијат. Посветете се на вашето куче, а тоа на многу начини ќе ги изразат своите чувства и потребни, овој е еден од нив.