Крвнички старт на пријателски меч: Играч на Севиља го згрози целиот свет (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Севиља славеше на пријателскиот натпревар против Ливерпул со 2-1 како дел од турнеата во САД, но мечот ќе остане запаметен по еден брутален старт.

Имено, играчот на Севиља Јорис Њањон крвнички стартуваше врз младиот Јасер Ларуси.

Њањон доби црвен картон, но младиот играч на Ливерпул заработи сериозна повреда и теренот го напушти на носилки.

„Станува збор за пријателски натпревар, а на пријателски дуели многу ретко има црвени картони. Добро е да саката погруба игра, но никако не смеете да покосите младо момче во пресезона. Тоа што се случи е вистински срам“, порача Милнер.