Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пејачката Мелани Браун, попозната како Мел Би од своевремено планетарно популарниот женски бенд „Спајс Грлс“, сними шокантно музичко видео за семејно насилство во кое се појавува „претепана и облеана со модринки и крв“.
Пејачката во спотот „Љубовта не треба да боли“, поддржано од „ Women’s Aid “ и класичниот композитор Фабио Д’Андреа, кој ја потпишува музиката, бега од агресивен партнер.
Снимката ја следи нивната врска од самиот почеток, но љубовта и среќните денови наскоро се заменуваат со насилство и солзи. Зад затворените врати, Мел останува сама и преплашена од монструозното однесување на човекот кој треба да ја сака безусловно – во еден момент нејзиниот партнер ја влече низ собата и ја тепа, а таа потоа се обидува да ги покрие модринките на повреденото лице со шминка. Видеото завршува со нејзиното драматично бегство од куќата на пеколот.
Да потсетиме, самата 45-годишна Скери Спајс тврдеше дека цела деценија се обидувала да избега од нејзиниот поранешен насилен сопруг Стивен Белафонте, кого го обвинила за физичко и емоционално злоставување. Тој негирал сè, пишува Дејли Меил.
„Без разлика дали е плукање или давење, ова се работи што всушност се случуваат, сите тие се болни, женски приказни“, рече Мел, кој сега е спонзор на „ Women’s Aid “. Пејачката исто така го поздрави усвојувањето на новиот закон за семејно насилство, кој јасно ќе ги дефинира и присилната контрола и емоционалната и сексуалната злоупотреба.
Пет години по разводот, Мел Б конечно најде нова љубов со нејзиниот сегашен партнер, но открива и дека поради сите маки и трауми што ги доживеала, не можела да поднесе допир на ниту еден маж.