Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првичните резултати од вчерашните избори кои се одржаа во Мексико, упатуваат на тоа дека Мексиканското владејачко движење на Морено и неговите сојузници се очекува да имаат мнозинство во новиот долен дом на Конгресот.
Оваа изборна кампања беше една од најкрвавите во поновата историја на Мексико. Консултантската компанија „Етеллект“ објави дека во текот на кампањата биле убиени 97 политичари, а 935 биле нападнати.
Непознат маж фрлил отсечена човечка глава на гласачко место во пограничниот град Тихуана, а во близина биле пронајдени вреќи полни со делови од телото. Властите соопштија дека мажот побегнал и на тоа место се пронајдени торби со човечки остатоци и отсечени раце во областа.