Крвава венчавка во Бразил: Мирно си влезе во црквата и почна да пука на гостите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Умберто Фереира дош Сантош отвори оган на гостите од една венчавка во црвка во Бразил, при што рани три лица.

Како што пренесува Daily Mail, тој сакал да ги ликвидира Сисера Барбоса да Силва и неговиот син Едмилсон, кои пред пукањето ги обвини дека се виновни за смртта на неговиот син.

Во пукањето се ранети таткото и синот, како и сопругата на Едмилсон. Таткото и синот се во стабилна состојба после оперативните зафати, додека сопругата на Едмилсон е полесно повредена.

Сцените се вознемирувачки, да ве предупредиме.