Крвава одмазда: Тинејџер со распетие убил 91-годишен свештеник поради силување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


19-годишниот француски тинејџер Александар В. беше уапсен за убиство свештеник кој беше осомничен за педофилија и сексуална злоупотреба.

19-тгодишниот Александар В. го убил 91-годишниот свештеник Рожер Матасоли во местото Агнез, северна Франција.

Според „Дејли меил“, младиот човек го убил старецот со прободување во грлото со помш на распетие. Официјалната причина за смртта е задушување.

Злосторството се случило на 4 ноември, но убиецот официјално до вчера не бил обвинет. Тинејџерот работел како асистент кај свештеникот.

Полицијата го обвини за тортура, убиство и отпор при апсење при обидот да избега во автомобилот на свештеникот. Подоцна бил пренесен на психијатрија.

Свештеник Матасоли е обвинет за сексуална злоупотреба на најмалку четири момчиња помеѓу 1960 и 2000 година, вклучувајќи го и убиството на татко кој се самоубил кога дознал дека истиот човек го силувал неговиот син.

Наводниот мотив за ова грозоморно дело е одмазда на тинејџерот, јавуваат локалните медиуми.