Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Синоќа во скопската населба Црниче се случи грозоморен настан. Син до смрт го избоде својот татко со нож. Неофицијално, таткото е поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.
Сосетка од улицата „Чедоми Каратџиев“ пријавила во полиција околу 22.15 часот дека соседи се степале и барале помош.
Неофицијално избодениот татко е поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, со иницијали Љ. Т, кој наводно бил директор на фабрика.
Кога пристигнала полицијата го пронашла 68-годишниот скопјанец на прагот од дневната соба со убодни рани од нож и констатирала смрт. Сведок на настанот била сопругата. Според нејзиното сведоштво седела со сопругот во дневната, кога дошол синот, ја скршил влезната врата и ја избркал неа, а потоа го нападнал својот татко.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека 41-годишниот син ја напуштил куќата веднаш по убиството. Подоцна се пријавиле во Ургентен центар барајќи лекарска помош затоа што имал расекотина на десната рака.
Синот е синоќа приведен и задржан во полициската станица во Кисела Вода. Најверојатно има дијагноза на психичко растројство.
Од МВР велат дека обвинител е запознаен со случајот и дека телото е предадено на обдукција.