Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Снајперист, член на канадската специјална единица Joint Task Force 2, минатиот месец во Ирак уби борец од Исламската држава од 3.540 метри растојание, пренесува ВВС.
Куршумот беше истрелан од врвот на висока зграда, а до метата патуваше цели десет секунди, соопштуваат воените извори.
Погодокот (колку и да звучи бизарно тоа) ги собори сите рекорди во далечина на која е погодена мета, пишуа ВВС. Снајперистот е тимот со набљудувач кој ја означи метата, а рекордниот погодок го постигна со McMillan TAC-5o пушка.
Овој снајперски истрел го спречи нападот на Исламската држава врз ирачките безбедносни сили, пренесуваат воените извори. „Наместо фрлање бомба и загрозување на животите на невини цивили, со прецизна употреба на сила го спречивме непријателскиот напад. Немаа поим што се случува“, изјавуваат истите извори.
Последниот официјален рекорд во гаѓање мета на голема оддалеченост беше оној од 2009 година кога британски снајперист погоди талибански војник од 2.475 метри растојание со L115A3 пушка.