Крвав пекол во Мали: Бомбаш самоубиец уби 42 лица


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бомбаш самоубиец уби најмалку 42 поранешни бунтовници и припадници на провладините вооружени групации во Гау, активирајќи го експлозивот во нивен камп во овој град на североистокот од Мали.

Според агенцијата Reuters уште 115 луѓе се ранети во овој напад. Агенцијата AFP, повикувајќи се на воен извори јави за 37 жртви, додека агенцијата Xinhua јавува за 80 загинати, повикувајќи се на медицински извори.

Бомбаш самоубиецот го напада кампот. Бомбашот се довезе во автомобил и активирал експлозив, изјавил за AFP извор од мировните сили на Обединетите нации (MINUSMA).

Според агенциските извештаи меѓу загинатите се припадници на Обединетото движење на Азавад (CMA) кои со провладината групација Платформа, чии вооружени активисти се препознатливи како групата Гатија, би требало наскоро да започнат заеднички патроли.

Тие се резултат за спроведување на мировниот договор кој во мај 2015 година ги потпишаа владата и различните вооружени групации. Тие патроли треба да бидат вовед во формирањето единствена војска на Мали.