Крвав инцидент во Австрија: Хулиган со шише го погоди помошниот судија во глава


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


При резултат од 2:0 во корист на кипарски АЕК против Штурм од Австрија, со головите на Трилос во 46-тата и нашиот Тричковски во 74-тата, во рамки на третото квалификациско коло од Лига Европа, хулиган фрли шише на теренот, кое заврши во глава на помошник судијата Фредрик Клајвер.

Тој остана да лежи во локва крв, а играта беше прекината 40 минути пред да продолжи и заврши 0:2.

Штурм се огласи многу брзо по натпреварот.

„Однесувањето на навивачите на денешниот натпревар во никој случај не е прифатливо. Тоа ја оштетува репутацијата на целиот фудбал и на нас како клуб. Ние секогаш се обидуваме да го славиме фудбалот, а фер плејот е наш приоритет. Жал ни е што ги разочаравме навивачите на фудбалот денеска. Лицето кое го погоди судијата е пронајдено и ќе биде санкционирано од страна на надлежните органи“, се вели во соопштението.