Кризата со коронавирусот ги „покрива“ платите на прескапите ѕвезди на ПСЖ – казната може да ги стигне за три години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалскиот ас Лионел Меси до крајот на неделата би требало да стане нов играч на ПСЖ. Аргентинецот вчера во солзи се прости од Барселона каде што помина 21 година.

ПСЖ сака со Меси со сите сили да тргне по Лигата на шампионите и за тоа не бира средства. Како што пишува шпанскиот „Онда Серо“ ПСЖ сака да ги задржи сите свои ѕвезди, дури и ризикот кој може скапо да ги чини за три години.

Имено, Шпанците пишуваат дека ПСЖ по секоја цена сака да ги задржи сите ѕвезди, а тоа го вклучува и Килијан Мбапе кој веќе неколку преодни рокови наназад се поврзува со ПСЖ. Нивниот ризик може да биде санкциониран за три години.

ПСЖ со Меси, Мбапе и Нејмар во следните три години мора да ја освои ЛШ. Во ПСЖ сметаат дека тоа е вредно за казната која би дошла за три години. Тогаш поради прекршување на ФФП кога се ќе се собира веројатно би биле исфрлени од Европа.

Иако Рамос, Вајналдум и Донарума, сега и Меси доаѓаат како слободни играчи реално е да се поставува прашањето како нивните плати може да бидат издржани од буџетот на клубот, а да не се прекрши ФФП.

Одговорот е во кризата која настана со коронавирусот. Секоја криза има победници и губитници, така е и овој пат. Имено, во време на коронавирусот ФФП им дозволи на клубовите минус поголем од 30 милиони евра во текот на тригодишен период.

„УЕФА ги попушти мерките за ФФП и ова ќе бидат две години транзиција поради коронавирусот. Тоа е шанса за некои клубови да одат против тоа. ПСЖ на оваа ситуација гледа вака: Одиме да ризикуваме и да инвестираме во тимот затоа што знаеме дека ФФП ги попушти мерките. Тие на ова гледаат како голема прилика и не мислат на ризикот кој ќе дојде кога ќе бидат вратени строгите правила за ФФП. Од друга страна останатите не сакаат да ризикуваат“, изјави експерот за спортско финансирање Шафелд Халам.