Кризата поради коронавирусот во Мексико предизвика друга криза – зорт за пиво


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во наредните неколку дена Мексико би можел да остане без пиво, соопшти Здружението на пиварниците во Мексико, како последица од воведените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Мексиканската Влада не го смести прозводството на пиво во есенцијалните индустриски гранки, па пиварниците во март беа затворени по вонредните мерки поради корона-пандемијата.

Претседателката на Здружеието, Карла Сикејрос изјави дека нема проценки – колку уште пиво останало во продавниците, но има сигурни информации дека цените драстично се покачуваат поради недостигот.

Таа им вети на љубителите на оваа напивка, дека производството ќе почне веднаш кога Владата ќе одобри враќање на работниците во фабриките.