Криза во Баерн Минхен: Се формира клан против тренерот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Баерн Минхен после двата кикса во Бундеслигата синоќа одигра само 1:1 против Ајакс во Лигата на шампиони, па се појавија првите знаци за криза во Минхен.

Ова е јасен знак дека тренерот Ковач не ги држи конците во свои раце и може да му се повтори судбината на Анчелоти, кој минатата година ова време доби отказ, исто така после три меча без победа.

Тимот е скоро непроменет во однос на минатата сезона кога под палката на Хејнкес се функционираше добро. Притоа, во стартнот тим синоќа имаше дури 9 фудбалери кои играа финале во 2013 година, кога Баерн стана европски шампион.

„СпортБилд“ пренесива дека Нико Ковач полека ја губи контролата над соблекувалната во Баерн, бидејќи се појавија првите знаци на незадоволство. Предводици на „кланот“ се Хумелс, Хави Мартинез и Хамес Родригез, кои се жртви на честите ротации.

Колумбиецот синоќа доби шанса во последниот половина час, а медиумите пренесуваат дека после мечот прв го напуштил стадионот без да проговори со никого.