Криза со снег на Алпите: Туристите се откажаа од скијачкиот идиличен рај


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Илјадници туристи зимава се откажаа од минување на зимскиот одмор на Алпите, бидејќи регионот соопшти дека настапила сушна сезона.

Заради необично високите температури за овој период од годината, бројните одморалишта беа присилени максимално да ги напрегнат своите машини за правење вештачки снег, што доведе до трошење на резервите од вода.

Доколку до викендов нема нов снег, овие машини ќе бидат забранети во повеќе од 50 одморалишта во Горна Савоја, во која речиси два месеца нема природни врнежи.

Сателитските снимки покажаа дека во Алпите речиси и воопшто да нема снег. Исклучок единственоо се малите наноси од снег во Италија и Австрија, со висина до пет сантиметри.

И покрај тоа што одморалиштата можат да ги користат природните резерви од планинска вода, многу од нив, сепак, пресушија.