Криза на „Етихад“: Гвардиола од лето во нов клуб!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата, Пеп Гвардиола би можел на лето да го напушти Манчестер Сити и Англија, пренесуваат медиумите на Островот.

Шпанецот во последната изјава потврди дека останува тренер на „Етихад“ се до моментов додека раководството не одлучи да го отпушти, а медиумите тврдат дека тоа може да се случи наскоро.

Манчестер Сити ги загуби сите надежи за одбрана на титулата во Премиер лигата, но се чини дека раководството веќе му го прости тој неуспех.

Сега единствена „карта“ за Гвардиола останува Лигата на шампиони, но ќе има тешка задача бидејќи уште во осминафиналето ќе треба да ги одмери силите со Реал Мадрид.

Гвардиола на лето би можел да ја промени средината, бидејќи ПСЖ не бира средства за да го донесе во Париз. „Светците“ се спремни да му понудат рекордна годишна плата и огромен буџет за засилувања.