Кривичниот суд одлучи: Мијалков останува без пасош!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одбил барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за враќање на неговиот пасош.

Одбраната на поранешниот прв човек на тајната полиција, на 21 февруари побарала да му се укине мерката за претпазливост, односно да му се врати патната исправа. Одбраната побарала Мијалков да се јавува само еднаш месечно во Судот, наместо секоја недела, кое барање исто така е одбиено од Кривичниот совет. Сашо Мијаков е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство за кои се во тек судски постапки.