Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Надлежните служби поднесоа кривични пријави за сопствениците на три угостителски објекти на охридското крајбрежје каде изминатиот празничен продолжен викенд не се почитуваа одредбите од протоколот за работа во услови на епидемија.
Станува збор за два угостителски субјекти на Плажите 2 и 3 во автокампот Градиште, како и угостителски објект лоциран на плажата кај поранешен хотел „Парк”.
Сите кривични се поднесени поради стореното дело непридржување кон точките 2, 3 и 4 од протоколот за работа во услови на ковид-19, а се однесуваат на неносење маски од посетителите, неодржување пропишана дистанца меѓу масите, столиците, лежалките, како и непридржување кон обврската за дезинфекција на инвентарот.
На социјалните мрежи постојано се споделуваат снимки од забави организирани изминатите празнични денови, конкретно на плажа во градиште, на кои се гледа како млади лица се забавуваат без притоа да се почитуваат протоколите за носење маска и одржување социјална дистанца.