Home Актуелно Кривична за жител на Крајници заради 130 садници канабис сатива и 11 килограми марихуана

Кривична за жител на Крајници заради 130 садници канабис сатива и 11 килограми марихуана

68-годишниот Т.К. од Крајници, село во општина Чашка, доби кривична пријава откако на крајот од август полицијата најде и му ги одзеде 130 садници канабис сатива, како и 11,7 килограми марихуана.

Од МВР соопштија дека во село Крајници, Општина Чашка, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена марихуаната, додека на имотот на пријавениот заседени со други земјоделски култури биле пронајдени 130 садници од растението „канабис сатива“.

Од страна на судија при Основен Суд Велес на Т.К. му е изречена мерка притвор. Од СВР Велес информираат дека притворениот и е познат на велешката полиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…