Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
25-годишната И.М. од Ресен и 39-годишниот И.И. од Сарај добија кривични пријави поради сомневање дека сториле кривични дела „затајување” и „поттикнување” со злоупотреба на работната должност на првоосомничената во еден клуб со автомати.
На 17 септември во периодот од 22 часот до 7 часот наутро наредниот ден во автомат клуб на булеварот „Октомвриска револуција“, првопријавената, вработена како касиер, заедно со второпријавениот, кој бил гостин во казиното, во договор, во повеќе наврати извршила уплата на парични средства на повеќе апарати без покритие.
На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист во вредност од 251.540 денари.