Кривична за вработен во МВР – се обиде да прошверцува малолетничка на граничниот премин Табановце


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Против М.А., вработен во МВР, поднесена е кривична пријава за поради постоење сомневање за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 10 јуни во полициската станица за граничен премин Табановце пријавениот, при вршење на работни задачи на пасошка контрола за влез во Македонија, овозможил влез на малолетничка од Кавадарци, без да ја заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а исто така, тој не побарал приложување на негативен ПЦР тест за ковид-19 и не ја упатил во државен карантин, со што постапил спротивно на донесените одлуки на Владата.