Кривична за разузнавачот кој беше уапсен поради инцидент пред Суперкупот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


МВР ќе поднесе кривична пријава против 25годишниот Благојче Ристовски, вработен во Агенцијата за разузнавање, кој беше приведен вчера пред почетокот на Суперкупот во Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на пресконференција информираше дека кривичната пријава ќе биде поднесена против разузнавачот бидејќи се обидел да спречи службено лице при извршување на неговите работни обврски.

„Особено лицата вработени во службите не смеат да си дозволат да спречуваат службени лица во вршење на нивната должност. МВР ќе поднесе кривична пријава, а очекувам дека и неговата институција ќе покрене соодветни мерки, рече Спасовски.

При редовниот преглед на билетите на влезот на Градскиот стадион, Ристовски им пришол на полицајците и започнал да се расправа со нив зошто толку долго траел прегледот и го оттурнал лицето врз кое во тој момент се вршел прегледот, а потоа го турнал и полицаецот што правел проверка. Од полициски извори дознаваме дека кога започнале другите полицајци да интервенират, Ристовски извадил службена легитимација дека е вработен во Агенцијата за разузнавање. Бидејќи Ристовски давал отпор и не можеле да го разубедат да се смири, бил совладан и врзан со лисици. Неофицијално, бил одведен во Полициска станица Кисела Вода, каде што му бил направен алкотест, кој покажал 1,06 промили алкохол во крвта.