Кривична за прилепчанец кој на Фејсбук повикуваше на убиство за лицата во карантин заради коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прилепчанец доби кривична пријава заради повикување на насилство и ширење на ксенофобичен материјал на Фејсбук.

42-годишниот Ј.Ф. од Прилеп на 28.03.2020 во 06.51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф., поради „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.